Американецот со македонски пасош Лестер Бо Мекејлеб го продолжил договорот со минхенски Баерн на уште пет недели, соопшти клубот.


Судбината на Мекејлеб беше неизвесна откако му заврши едномесечниот договор со Баерн, а продолжувањето на договорот на дополнителни пет недели се совпаѓа со повредата на Васа Мициќ, чија замена е Американецот.

Мекејлеб на пет натпревари во Евролигата, колку што одигра за Баерн, во просек имаше просечен учинок од 9,8 поени, 2,4 скока и 3,6 асистенции по натпревар.

Американецот кој со македонската репрезентација во 2011 година го освои четвртото место на ЕП во кариерата играл за Мерсин, Партизан, Монтепаски и Фенербахче. 

 

„Макфакс“