Најголемиот производител на леб и печива „Жито леб“ – Охрид, ја намали цената на белиот леб од 470 грама за три денари, односно од 25 на 22 денари.
Белиот леб на „Жито леб“ од 470 грама со нова пониска цена од 22 денари
За денар поевтини и сечениот бел леб, кој наместо 25 сега ќе се продава по цена од 24 денари.
Поевтини и белиот сечен леб на „Жито леб“
На задоволство на купувачите „Жито леб“ ја продолжи промотивната кампања „ѓеврек+ѓеврек=20 денари“ до Велигден.
Производите на „Жито леб“ со препознатлив квалитет можат да се најдат во специјализираните продавници и млечни ресторани на компанијата, како и во сите подобро снабдени маркети во градот.
OhridNews















