Нови потпорни ѕидови се градат во Кошишта и Месокастро, информира градоначалникот Кирил Пецаков на фејсбук профилот.

Зафатот има за цел статичка стабилизација на земјиштето, како и подобрена безбедност на домовите на околните индивидуални станбени објекти, додава во објавата.

Изведувач на активностите е фирмата „Бокоп“ , а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.

OhridNews