На два дена пред стартот на првиот тркачки викенд во Формула1 ви ги преставуваме новите правила за користење на гумите на Пирели.

Од оваа сезона возачите имаат на располагање 3 компоненти на пневматици за суво на една трка. Тоа значи дека возачот има право на 13 сета на гуми за сува патека во еден викенд.

За подобро објаснување ќе наведеме како се користат супер меките, меките и медиум гумите. На пример: Тимовите во првите 40 минути на првиот тренинг ќе користат медиум гуми кои се најтврди за тој викенд. На вториот тренинг ќе користат супер мека и мека компонента. После тоа сите гуми од првиот и вториот тренинг се враќаат кај Пирели, а тоа значи дека не можат да ги користат за време на трката. На третиот тренинг исто така можат да се користат сите врсти гуми кои исто така се враќаат на Пирели. 

Гумите користени во квалификациите и неискористените гуми можат да се користат за време на трката.

Објаснување за квалификациите:

Q1-можат да се користат сите три компоненти, но како по правило во главно се користат двете најмеки компоненти: супер мека и мека.

Q2- Сеуште важи правилото дека со тие гуми што се постигнало најдобро време во оваа сесија се стартува и на трката. Тоа значи дека ако возачот постави време на супер гумите тогаш со нив мора да стартува на трката, а тоа би значело дека на трката ќе има многу краток прв стинт од само неколку кругови и нестабилен болид во тој стинт. Ако на овај начин на трката “губи“ на пилотот сепак му се дава голема шанса да продолжи во Q3. Ако пак се обиде со потврда гума за подолг прв стинт на трката ( да вози со мека или медиум ) лесно може да се случи да не се квалификува во Q3. Но сепак во трката ќе има и подолг стинт и поголема стабилност на болидот.

Пирели од три компоненти ќе одбере две задолжителни за трката, но возачите се обврзани да користат една компонента, односно да бираат која од одбраните две на Пирели ќе ги користат.

Навидум лесно кажано но на потег се мозоците во тимовите кои ги смислуваат тактиките.

OhridNews