Нови предизвици за Антиќ, Мекејлеб, Вилкинсон и Илиевски во ЕЛ
23.11.11 12:28
Вечерва во кошаркарската Евролига започнува вториот круг од на натпреварите, во фазата по групи. На програмата ќе биде по еден меч од секоја група, а свој настап ќе имаат сите македонски преставници во елитното натпреварување.
Капитенот на македонската репрезентација, Перо Антиќ со Олимпијакос ќе го пречека Билбао, двата тима по првите пет кола имаат учинок од две победи и три порази. Билбао на првиот меч победи, убедливо, со 76:61.
Владо Илиевски со Анадолу Ефес ќе го пречека Партизан, турскиот тим по пет кола има негативен скор од две победи и три порази. Партизан во Истанбул доаѓа на крилјата, на големата победа во Милано против Армани. Илиевски и Ефес ќе се обидат да ја забележат и втората победа против овој противник оваа сезона, на првиот меч во Белград, Анадолу Ефес победи со 84:73.
Еден против друг, во рамките на Групата Д, ќе играат натурализираните Лестер Бо Мекејлеб и Мајк Вилкинсон. Монтепаски на Мекејлеб е второпласиран во оваа група, „банкарите“ имаат еден пораз досега, додека рускиот Уникс се наоѓа на третото место со три победи, во петте одиграни натпревари. На првиот меч одигран во Казан, Монтепаски победи со 79:71.
Македонската фудбалска репрезентација загуби од Шкотска со 2:1 на „Хемпден парк“ во Глазгов, во петтото коло од групата Б1 во Лигата на нации „Црвено-жолтите“ го постигнаа првиот гол во ова издание...
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид утре ја пречекува екипата на Младост Богданци По репрезентативната пауза ни следи натпревар од домашното првенство против екипа...
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид ја пречекува екипата на Младост Богданци Младост Богданци е екипа против која мора да пристапиме максимално сериозно и концентр...