Португалскиот стручњак Жозе Мурињо се соочува со нов проблем во тимот на Челси откако првиот избор на голот Тибо Куртоа поради повреда ќе отсуства два месеци.
„Сините“ минуваат низ турбелентен период. Екипата се најде во центарот на вниманието поради суспензијата на физиотерепавтката Ева Карнеиро, а и резултати на стартот од сезоната не одат во прилог.
Куртоа сезонава веќе отсустваше еднаш и повеќе од успешно го замени Асмир Беговиќ правејќи чуда на голот против Манчестер Сити.
Во 5-та рунда од Премиер лигата актуелниот првак ќе се сретне со Евертон на Гудисон Парк.
Ohridnews