Владата преку пет нови програми ќе вработува дополнителни, нови 2.000 лица.

Една од програмите опфаќа Обука кај познат работодавач, со која ќе се вработат нови 850 лица,за што од државниот буџет се издвоени 19 милиони денари. Во оваа програма приоритет ќе имаат лицата на возраст од 25 до 49 години, со основно и гимназиско средно образование. Обуката за овие лица ќе трае три месеци, а тие ќе добиваат финансиска исплата од Владата во износ од 5.700 денари. Работодавачот по истекувањето на обуката ќе биде обврзан да вработи 50% од лицата и најмалку 6 месеци да ги задржи во работен однос.

Ккао што информираат од владата, со програма за Обука кај познат работодавач со субвенционирање ќе бидат вработени 250 лица. За тримесечната обука лицата ќе добиваат надоместок од Владата во износ од 5.700 денари, а покрај тоа ќе им бидат подмирени сите давачки за засновање на работниот однос. По обуката во период од три месеци Владата на овие лица ќе им исплаќа износ од 13.000 денари како дел од плата. Работодавачот е обврзан да задржи дел од овие лица во работен однос најмалку една година.

Останатите програми се однесуваат на професии кои се дефицитарни на пазарот за труд, за подршка на практиканство и за развој на информатичко општество, програма со која е предвидено вработување на околу 500 лица.