Пријателскиот фудбалски натпревар меѓу Македонија и Бугарија, според директорот на бугарскиот музеј за национална историја е натпревар во домашната лига.

Контроверзниот директор за Фокус изјавил дека бугарската нација во моментов е поделена со граници, а запрашан за натпреварот, тој упатил и критики за навичката група „Комити“, која според него е про-српска.

„Ќе дојде денот кога македонскиот тим ќе биде подобар од бугарскиот народ затоа што не е многу тешко да го победиш и нашиот национален тим“, изјавил Димитров прогнозирајќи го епилогот од натпреварот кој двете репрезентации ќе го изиграат среда вечер во Скопје.

OhridNews