Малопродажната цена на бензините и на дизелот ноќеска на полноќ ќе достигне највисоко ниво во истотијата, откако Регулаторната комисија за енергетика на седницата одржана денеска донесе одлука таа да се зголеми за три денари.

Согласно одлуката, литар еуросупер- БС-95 ќе чини 84 денари, додека еуросупер- БС-98 ќе од ноќеска на полноќ ќе се продава за рекордни 85,50 ден/лит. Новата цена на еуродизелот изнесува 74,50 ден/лит.

За 2,5 денари се зголемува и малопродажната  цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) кое ќе се продава за 63,00 ден/лит. Поскапување за повеќе од два денари има и кај мазутот, кој ќе чини 47,934 ден/кг.

Одлуката за поскапување на горивата Регулаторната комисија за енергетика ја темели на поскапувањето на цената на суровата нафта на светскиот пазар.

OhridNews