Во средното економско училиште, деновиве, започна реконструкција на санитарните јазли. Со реконструкцијата се опфаќа промена на целокупната инсталација стара повеќе од 20 години, се поставува нова санитарија и плочки. Вкупната вредност на реконструкцијата изнесува 640 959 денари, а средствата ги обезбеди општина Охрид.

Активности за подобрување на условите за работа се реализираат и во основното училиште „Св. Климент Охридски“ каде во тек е промена на старата со нова висококвалитетна дограма. Нови прозорци веќе се поставени во шест училници и два кабинети. Нови прозори има и во двете нови училници кои се целосно опремени со нов мебел, под од ламинат, а нова просторија е направена и за техничкиот персонал. Изведувач е фирмата „Дрво Пром“, а активностите се реализираат со средства добиени преку проект на Југозападниот плански регион. До почетокот на месец април годинава се очекува да биде променета дограмата во сите училишни простории.

OhridNews