Како што истакна директорката на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, Марина Тодороска Петроска, со новите реквизити можат да се изведуваат околу 60 игри, кои се особено интересни за децата.
– Во рамки на воспитно образовната компонента во градинките голем акцент се става на физичката активност на децата, за чија реализација ќе придонесат и овие нови реквизити. Со тоа се надеваме дека ќе се допринесе кон создавање на поголем интерес на најмладите кон спортот, изјави директорката Петроска.
Натпреварот се одржа во организација на општинскиот Црвен крст, општина Охрид и Ракометниот клуб Охрид 2011.