Владата на Република Македонија, Министерството за труд и Агенцијата за вработување ќе распишат оглас за давање значителна финансиска помош за организирање на невработени лица да започнат сопствен бизнис и за мали и микро претпријатија кои ќе отворат нови работни места.

Според написите во неколку национални медиуми државата ќе даде финансиска помош за самовработување со кредитирање и за кредитирање на микро и мали претпријатија за отворање нови работни места. Во однос на првата категорија за самовработување и кредитирање, сите оние невработени лица кои се во евиденцијата на Агенцијата за вработување постои можност да се организираат меѓусебно, да направат бизнис план и да можат да започнат бизнис за којшто ќе добијат финансиска помош од државата.

Втората варијанта, е доколку се организираат во дејност, условно кажано, од поголем обем тогаш може да се организираат максимум пет лица, при што основниот кредитобарател ќе добие 5.000 евра, а останатите четворица ќе добијат по 3.000 евра, во вкупен износ отворањето, започнувањето на овој бизнис би бил помогнат од страна на државата со 17.000 евра, средства коишто овие содружници би требало да ги вратат во период од пет години со вклучен грејс период од една година и каматна стапка од само еден процент.

Доколку се организираат и започнат бизнис невработени лица, а се корисници по однос на надомест за технолошки вишок или ликвидација тогаш добиваат дополнителна стимулација за уште 1.000 евра по лице.

OhridNews