Во просториите на ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски, почнаа работни активности за реконструкција на таваните и поставување на ново ЛЕД осветлување. Се поставуваат висококвалитетни плочи за спуштен плафон и соодветна лед електрика во сите училници, училишните ходници и административни простории. За оваа намена од буџетот на општина Охрид се издвоени 1.650.000 денари.

Со општински средства се врши и поврзување на објектот на новата спортска сала со котларата за парно греење, која се наоѓа во подрумските простории на училишната зграда. Вредноста на оваа инвестиција е 630.000 денари.

Во текот на изминатиот период беше сменат и покривот на училиштето, а беше поставена и нова дограма и се реновираа дел од училниците.

Според планираното, во текот на наредниот период предвидено е поставување на нова енергетски ефикасна фасада на училишната зграда и реконструкција на училишната работилница за практична настава. Предвидено е да се изврши и замена на подовите во сите училишни простории.

OhridNews