Менаџерот на Челси, Антонио Конте го зголеми бројот на фудбалери во „црниот нотес“, откако на него ги додаде Немања Матиќ, Цеск Фабрегас и Бразилецот, Оскар.


Таму, прво се најдоа дефанзивците Бранислав Ивановиќ и Гери Кејхил кои италијанскиот стручњак директно ги обвини за поразот на Челси во дербито со Арсенал на Емирати.

Матиќ, пред почетокот на сезоната беше поврзуван со преселба на Олд Трафорд додека Фабрегас се споменуваше со трансфер во Милан.

Оскар кој играше стандардно кај Жозе Мурињо и Гус Хидинк изненадувачки се најде во „црниот список“ од Конте.

Харизматичниот тренер на „сините“ најверојатно планира големи играчки промени, ако се ослободи од овие пет фудбалери во зимскиот или летниот преоден рок.

OhridNews