Најтрофејните клубови во Англија, Манчестер Јунајд и Ливерпул прокнижија нови три бодови на табелата забележувајќи победи над Лестер (3-1) односно Вест Хем (2-0) во 23-та рунда од Премиер лигата.
„Ѓаволите“ од 27-та до 44-та минута постигнаа три погодоци со кои ги разрешија дилемите околу победникот.
„Црвените“ пак во вториот дел го скршија отпорот на Вест Хем, кој долго време оддолеваше на нападите.
Резултати : Хул – Њукас 0-3, Кристал Палас – Евертон 0-1, Ливерпул – Вест Хем 2-0, Мен Ју – Лестер 3-1, Стоук – КПР 3-1, Сандерленд – Барнли 2-0, ВБА – Тотенхем 0-3, Челси – Мен Сити.
Мх.П.