Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ, малопродажната цена на бензините се зголемува за половина, а на дизелот и екстра лесното за еден денар.

Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 68 денари, на Еуросупер БС-98 ќе биде 69,50 денари, Еуродизелот ќе се продава по 60 денари за литар, додека екстра лесното масло за домаќинство по 48,50 денари.

Согласно одлуката се зголемува и малопродажната цена на мазутот и ќе изнесува 28,72 денари за килограм.

OhridNews