Во тревниот дел од градскиот парк, на потегот од поранешното ПТТ одморалиште до угостителското училиште, екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ засадија три нови цветни острови.
Формирани се три мини-паркчиња каде се засадени околу 500 цветни садници , 50 декоративни и зимзелени грмушки и поставени се други декоративни елементи.
Како што информираат од претпријатието, овие парковски решенија се дел од проектот на локалната самоуправа за формирање на 40 нови паркчиња на територијата на општина Охрид.
OhridNews