Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија ја организира досега најголемата инфо-тура со новинарски екипи од регионот. Повеќе од десет медиумски куќи од Хрватска, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, специјализирани за туризмот, во следните четири дена ќе ги посетат највпечатливите туристички атракции во Република Македонија.

Првиот ден ќе ги посетат познатите локалитети во Скопје, вториот ден е резервиран за Пантелејмон, кањонот Матка со пештерата Врело, Националниот парк Маврово, „Јован Бигорски“, Дебарското Езеро, градовите Дебар и Струга, каде што новинарите ќе имаат можност да ги видат природните убавини и да се запознаат со можностите за рурален, екотуризам и со алтернативните форми на туризмот со кој овој дел на Македонија изобилува.

Средата е резервирана за најпосетената туристичка дестинација,  Охрид и охридската ривиера, со посета на природните и културни знаменитости, гастрономијата и мистиката што ја поседува како град под заштита на УНЕСКО.

Последниот ден ќе биде посетата на градот на конзулите, Битола, и винскиот регион на Македонија со посета на винскиот пат и дегустирање повеќе врвни сорти македонски вина.

OhridNews