
Повлекување на законот побараа и од Синдикатот на новинари и Центарот за развој на медиуми,кои укажаа дека во него нема одредби со кои се регулира безбедноста на новинарите, правната, социјалната и здравствена заштита, работното време и договорите на дело,со кои се експлоатираат таканаречените хонорарци. Дел од новинарите,пак, велат дека токму отсуството на закон придонесе за презаситеност на пазарот со интернет портали кои наметнуваат нефер игра.
Мирка Велиновска предложи воведување на лиценци,и тоа како што вели , за да се заузда моќта на медиумите кои креираат криза и според неа, потоа не сносат никаква одговорност.
Новинарите имаа забелешки и за правата и обврските на сопствениците на медиумите,како и за предвидените казни,за кои најавија амандмани.
Според Министерството за информатичко општество, со предложениот Закон ќе се заштитат новинарите и ќе им се овозможи слобода на изразувањето.
За Ивановски, нацрт верзијата на сега веќе двата закон, за медиуми и за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, се направени по препораките на претставниците на ОБСЕ и Советот на Европа.
„Предлагаме закон со кој ќе се заштитат новинарите и ќе им се овозможи слобода на изразувањето, закон кој ќе помогне во развојот на медиумскиот сектор во земјата и ќе го направи независен, а сопствениците на медиумите ќе имаат поголема одговорност”, изјави Ивановски.
За 13-ти август е закажана уште една јавна расправа до двата закона за медиуми, а на неа ќе учествуваат и претставници од мисијата ТАИЕЏ, како и од ОБСЕ и Советот на Европа.
извор:„Телма“/„Макфакс“












