По серијата отпуштања и најавата за затворање на повеќе медиуми, Синдикатот на медиумските работници за понеделник најавува протестен собир, кој го поддржува Здружението на новинари на Македонија.

На протестот новинарите ќе го изразат своето незадоволство од актуелните состојби во македонскиот медиумски простор.

Вчера две новинарки на „Утрински Весник“ беа отпуштени поради учество во штрајк, а весниците „Време“, „Шпиц“ и „Коха е Ре“, најавија дека денеска излегуваат за последен пат. Кризата во новинарството во Македонија ја продлабочи и колективната оставка на Советот на честа на ЗНМ, поради, како што се наведува, неможноста да влијае на актуелните состојби и немањето инструменти за ефикасно делување.

OhridNews