Под покровителство на Никон -Србија, деновиве во Белград, во галеријата Прозор, се одржува изложба на стоте најуспешни фотографии, избрани во рамките на регионалниот натпревар „Јас сум 100“, организиран по повод 100. годишнината од формирањето на компанијата Никон. Меѓу поголемиот број учесници од Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и Македонија, со авторската фотографија „Blue Endless“, е застапен и охридскиот новинар, публицист и пасиониран љубител на фотографијата Стојан Савески.

Авторот Савески нагласува дека му е особено значајно што е дел од големото семејство на Никон, компанија која од своето основање во 1917 година па наваму е посветена на развивање на иновативни решенија, особено во делот на фотографијата.

– Настанот сам по себе беше неодминлив и предизвикувачки, така што не можев да останам рамнодушен и од поголемиот број фотогафии се одлучив да ја проследам селектираната фотографија со еден незаборавен пејсаж на Дебарското Езеровели Савески.  

Како што истакнуваат организаторите, на натпреварот пристигнале околу 4000 фотографии од од голем број уметници од споменатите земји, а жирото, составено од искусни мајстори на фотографијата, имало навистина тешка задача да избере само 100 автори, што се претставуваат на изложбата која трае до 13 октомври во спомената галерија во Белград. Инаку, од Македонија застапени се уште неколку автори на фотографија.

Ohridnews