По 24 часа од донесувањето на пресудата од Апелацискиот суд, новинарот Томислав Кежаровски, вчерва во 19 часот часот полицијата итно го спроведе од неговиот дом до истражниот затвор- Скопје, јави телевизија „Телма“. Одбраната не ја добила одлуката на апелација, таа вечерва лично му беше доставена на Кежаровски, по што веднаш беше транспортиран со полициски автомобил на доиздржување на казната во времетраење од три месеци и десет дена. Шокирано од брзата реакција на судот и полицијата беше и неговото семејство. Неговата сопруга и братот набрзина ги спакуваа во чанти најосновните работи, објави „Телма“.
Пред истражниот затвор во Жуто Оризари Кежаровски беше пречекан од новинари, пријатели и негови поддржувачи.
– Шокирани сме од брзината која е непозната во историјата на македонското судство за така експресно спореведување на казната. Сведоци сме на високо профилирани личности кои имаат правосилни пресуди а се на слобода. Пресудата за Кежаровски беше објавена вчера, а не поминаа ни 24 часа тој е спроведен во затвор. Кому толку му смета Кежаровски и што стори толку многу македонското новинарство да биде затворено зад решетки,“ рече Тамара Чаусидис, претседател на синдикатот на новинари
Реагираше и здружението на новинари на Македонија. Го повикаа миниситерот за правда, Аднан Јашари, веднаш да покрене иницијатива за ослободување на новинарот Кежаровски, а претседателот Ѓорѓе Иванов да ја прифати.
-Оваа е брутален чин на демоснтрација на сила откако новинарската заедница во Македонија едногласно ја отфрли казната затвор од две години за Кежаровски како неприфатлива и побара негово ослободување. Ваквото однесување само потврдува дека одлуката е политичка, а не судска.- се вели во соппштението од ЗНМ.
Томислав Кежаровски беше осуден на 4,5 години затвор во случајот „Ликвидација“ за откривање идентиет на заштитен сведок. Апелацискиот суд ја преиначи пресудата намалувајќи му ја казната на 2 години. Неговата голгата трае една година и девет месеци.
OhridNews
извор: Тв Телма












