Со воведување на новини во тестирањето на кандидатите при вработување во државните институции  ќе се зголемува транспарнетноста во овој процес. Ќе се применува и нов систем на мобилност од една во друга институција со што ќе се балансира суфицитот и дефицитот на кадрите. Ова денес го изјави министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски.

Како што тој истакна, предвидено е да се унапреди софтверот за полагање на службениците, со побројни прашања во општиот или во практичниот дел. Секој кандидат ќе добие  посебни прашања од тој што ќе седи до него, но со иста тежина. Новини се воведуваат и во Тест центарот каде нема да има лице кое ќе набљудува.

Со оваа мерка се обидуваме да ги стимулираме сите  кои ќе се кандидираат за работни позиции во администрацијата навистина да се подготват. Покрај двата теста за полагање, потребен е и висок просек на обарзование. Најдобрите што системот на транспарентен начин  ќе ги испрати како кандидати до институцијата која го објавила огласот за вработување, ќе имаат можност да  бидат интервјуирани од надлежни вработени во таа институција и еден да биде избран. Потоа тоа, лицето ќе  треба да помине и психолошки тест  и тест за интегритет кој ќе стапи во сила од октомври годинава, изјави министерот Ивановски.

Според него,  мобилноста од една во друга институција е една од мерките која се предвидува со цел да се балансира вработеноста затоа што имало сознанија дека  во некои институции на пример има суфицит на правници, а некаде дефицит.

OhridNews