Новиот амбасадор на Европската унија во Македонија, естонскиот дипломат, Аиво Орав, во Македонија се очекува да пристигне на почетокот на идниот месец.

Орав својата дипломатската кариера во Македонија ја продолжува по амбасадорската функција во Турција, Азербејџан и Сирија од која се уште не е отповикан. Како што се наведува во неговата автобиографија, богата дипломатска кариера Орав ја започнал во Естонското мнинистерство за надворешни работи.

Орав, амбасадорската функција на ЕУ мисијата во Македонија, ќе ја превземе од неговиот предходник Питер Соренсен, кој беше преименуван за прв човек на ЕУ мисијата во Босна и Херцеговина во септември минатата година.

OhridNews