Со настап на познатиот охридски бенд „Камелеон“, синоќа, беше промовиран новиот амбиент на „Cuba Libre Beach & Bar“. Присутните уживаа во извонредната свирка и пријатната атмосфера која ги стопли срцата на охриѓани во студената зимска ноќ. Покрај амбиентот „Cuba Libre Beach & Bar“ ја збогати и понудата, па така охриѓани покрај во прекрасниот поглед на градот и разните напитоци, од сега можат да уживаат и во одлична храна.


Новиот амбиент на „Cuba Libre Beach & Bar“ ги стопли охриѓани во најстудената ноќ

OhridNews
Фото: Кире Јорданоски