Новото болничко крило во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид, ќе биде готово до крајот на летото, најави министерот за здравство Венко Филипче, при неодамнешниот работен престој во Струга.
Тој рече дека во текот на градежните работи дошло до промена на планот со цел пофункционално искористување на просторот. Не прецизираше за какви промени станува збор, освен дека се работи објектот да биде ставен во функција.
За време на изведбата се изнудува потреба за некаква промена заради тоа што сакаме да обезбедиме пофункционален објекти и тоа сега се прави. Рокот за завршување е крајот на летото, месец септември, а ние сега веќе во овој период планираме започнување на постапка за опремување не само на болницата „Св. Еразмо“, туку и за набавка на опрема за болницата во Струмица, за ургентниот центар во Тетово и за клиничкиот центар во Штип следната година. – изјави министерот Филипче.

OhridNews













