Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, го врати предлог-буџетот од собраниските комисии во Владата. Во просториите на оваа институција, пред малку заврши владината седницата на која повторно се разгледуваа предложени измени од страна на министерскиот тим на Груевски. Неофицијално, прифатени се 44 амандмани од опозицијата, со кои се кратат само 3 милиони евра.

„Верувам дека со оглед на тоа дека не функционираат комисиите, постојат други процедури коишто овозможуваат да почне пленарната седница и да се разговара на еден демократски начин околу буџетот и тој да биде донесен во предвидениот рок“ – изјави Ставрески.
На спротивната страна, заврши итната седница на Централниот одбор на СДСМ, на која присуствуваа претставници од здружената опозиција. Пратенците најавија дека од денеска не излегуваат од зградата на Собранието, образложувајќи дека нема да дозволат никаков партиски „пуч“.
Исто така, по завршувањето на состанокот, „Сојузот на иднината“ заедно со раководствата на партиите, вечерва спонтано се собраа пред Собранието, со цел како што рекоа, зачувување на демократијата во земјава.
OhridNews












