Еден од најдобрите фудбалери на Ливерпул сезонава Рахим Стерлинг го продолжи договорот и на Енфилд ќе остане до 2020 година.
Продолжувањето на договорот е само мала утеха за „црвените“ откако деновиве легендата на клубот Стивен Џерард објави дека ќе замине по завршување на оваа сезона.
По заминувањето на Луис Суарез англискиот репрезентативец заедно со Даниел Стариџ ја презедоа улогата на лидери на тимот од Енфилд.
Мх.П.