Сопругата на Американскиот претседател Барак Обама има многу причини за славење. Наредната седмица е инагурацијата на Барак, нејзината организација Флотус направила и официјален Твитер профил, а Мишел ја објавила првата фотографија на која ја покажала новата фризура.

Секогаш средена од глава до пети, Мишел за својот роденден се одлучила за црвен фустан како би го угостила Дејвид Хал пред инагурацијата, но сите го коментирале нејзиниот нов изглед. Шишките се одлично решение за брзо освежување на лицето, а тоа го знаат и многу странски ѕвезди. Поради шишките Мишел изгледа помладо.