Новиот уметнички колектив „Орион“ во Охрид од 20-ти до 30-ти јули ја одржува колонијата насловена „Нема време за одмор“ која ќе кулуминира со изложба на 29-ти јули во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид со почеток во 19 часот.

Проектот, велат, претставува алтернативен начин на постигнување на културна иницијатива за успорување на брзото темпо на секојдневниот живот и давање време за набљудување и доживување на уметноста, човечките врски и интеракции која таа може да ги оствари.

За создавање на своите дела, уметниците ги користат природните ресурси и локалното опкружување – сонцето, водата, природата и мотивите карактеристични за Охрид.

Работиме за време на одмор, за да имаме одмор, посочуваат.

Уметничкиот колектив „Орион“ го сочинуваат Благоја Стојаноски, Ана Томовска, Андреј Антевски, Марија Ќурчиева и Михаил Паскоски.

OhridNews