Во првиот викенд од прикажувањето филмот Вулверин севкупно заработил 86 милиони долари и го зазел првото место на најгледани филмови. Во првиот викенд од прикажувањето во американските кина остварил прилично импресивна заработка од дури 55 милиони долари, заземајќи го убедливо првото место на најгледани филмови.


Вкупната заработка во целиот свет достигнала 86 милиони долари, што му дава надеж на студиото Фокс дека ова продолжение би можело дополнително да ја оживее франшизата, но најпрво треба да ги вратат вложените 120 милиони долари.