Паузаата помеѓу двете полусезони која челниците во Премиер лигата сакаат да ја воведат во најсилната лига во Англија ќе ги растажи навивачите, а многу ќе ги израдува менаџерите и фудбалерите.

Водечките луѓе при договарањето на новиот телевизиски пакет ќе ја вметнат и паузата која долго време ја бараат фудбалерите и менаџерите во Премиер лигата.

Во сите национални следи пауза околу новогодишните празници, а англичаните тогаш имаат од три до четири натпревари неделно што е неиздржливо темпо за фудбалерите.

– Разговаравме со Фудбалската федерација на Англија за барањата кои ги имаат фудбалерите и менаџерите. Гледаме да најдиме решение и да им дадеме одмор на сите чинители во најсилната лига во светот. – стои во соопштението од Премиер лигата.

Промени на ова поле до крајот на 2018/19 сезоната нема да има, бидејќи до тогаш е важечкиот договор со Скај спорт за телевизиските права.

OhridNews