По собраните гласови од кошаркарските фанови ширум светот и гласањето од експертите, ФИБА Европа го прогласи Дирк Новицки за најдобар кошаркар на стариот континент за 2011 година.

Втор, во овој избор е Наваро, додека трет е македонскиот репрезентативец, Лестер Бо Мекејлеб, пренесува „Макфакс“.

Интересно е што Бо Мекејлеб доби најголем број гласови од фановите ширум светот кои заклучно со 31 јануари гласаа на интернет страницата на ФИБА Европа.

Нашиот репрезентативен бек доби 19.022 гласа, односно над 5.000 повеќе од вториот најдобар, Душко Савановиќ. Победникот Новицки, според фановите е четврти најдобар, а пред него е Хуан Карлос Наваро. Вкупно годинава гласаа 32.460 фанови на кошарката.

Затоа, германскиот репрезентативец и МВП на финалето во НБА по кое славеше шампионски прстен, доби убедливо најголем број гласови од експертите на ФИБА Европа, вкупно 685. Втор е Хуан Карлос Наваро со 460, па следува Мекејлеб со 191.

OhridNews
извор: „Макфакс“