Германскиот кошаркар и член на НБА тимот Далас Маверикс, Дирк Новици го најави своето повлекување од кошарката по завршувањето на сезоната 2016/17.


– Мислам дека сила за играње кошарка на високо ниво имам за уште две години. – рече Новицки кратко за медиумите во Америка.

Новицки со Далас има една титула во НБА лигата 2011 година, а во финалето со Мајами беше избран за најдобар играч.

Во 2007 година германскиот интернационалец во НБА лигата беше прогласен за МВП по брилијатната сезона во дресот на „телињата“.

Новицки објави крај на репрезентативната кариерата по завршување на Евробаскетот на кој Германија не се прослави завршувајќи ги натпреварите во 1/8 финалето.

Мх.П.