Впечатоците од дербито помеѓу Арсенал и Челси на Емирати се уште не се суминирани, а Тотенхем и Вест Хем одново го „запалија“ Лондон одигрувајќи фантастичен натпревар кој заврши со поделба на бодовите (1-1).

После мирните 60-тина минути во 150-то дерби двете екипи буквално распукаа во последниот половина час. Резултатот го отвори „гостинскиот“ состав со евроголот на Педро Обијан во 70-та минута. Тотенхем во 84-та минута ги изедначи бројките на семафорот со фантастичниот погодок на Хонг Минг Сон. Во финишот повеќе шанси за победа имаа „петлите“, но резултатот остана непроменат.

Со градската пресметка на Вембли заврши 22-та рунда која понуди возбудлив фудбал, голови и натпревари кои сигурно ќе бидат во потесен избор за најдобрите оваа сезона.

OhridNews