Уште едно комплетно ново детско игралиште доби Охрид. Во населба Рача завршија активностите за изградба на комплетно ново детско игралиште.

Игралиштето е опремено со соодветни детски реквизити и поставена е специјална гумирана подлога, информираат од Општина Охрид.

Активностите за изградба се дел од програмата за изградба на урбана опрема на територијата на Општина Охрид.

OhridNews