На просторот зад охридската гимназија се подготвува ново детско катче, кое наскоро ќе биде отворено.

Веќе се поставени детските реквизити, но како што информираат од локалната самоуправа, со чии средства се гради и подготвува просторот, потребно е да бидат извршени уште неколку зафати пред тоа и официјално да биде ставено во употреба.


Ова катче е едно од 15 досега изградени низ градот. Се најавува отварање на уште неколку,  се со цел најмладите да имаат доволно простор каде да се забавуваат.

OhridNews