Чешкиот тенисер Томаш Бердих зачекори по стапките на Милош Раониќ и Симона Халеп и го повлече својот настап на Олимписките игри во Рио кои ќе се одржат од 5 до 21 август.


– Ова беше тешка одлука која ја донесов после многу разговори со моите најблиски и докторите во мојот тим. – рече кратко Бердих.

Осмиот тенисер во светот, а претходно Раониќ и Халеп се повлекоа поради опасниот смртоносен вирус Зика.

Вирусот го шири тропскиот комарец. Зика вирусот не може да се пренесе од човек на човек и нема никакви симптоми се до појавувањето.

Комарецот најмногу го има во Северна и Јужна Америка, а токму таму односно во Бразил ќе се одржат Олимписките игри.