По екипата на Џенова и Рома се соочи со елиминација од Купот на Италија. Непреминлива пречка за „волчицата“ беше тимот на Специја која триумфираше по изведувањето на пеналите (4-2).
Регуларниот дел и продолжението завршија без погодоци 0-0, а одлуката за четвртфиналистот падна во пенал серијата.
Специја ги реализираше сите четири пенали, а за домаќините промашија Един Џеко и Миралем Пјаниќ што беше пресудно за елиминација.
Исто така за изненадување може да се смета и елиминацијата на Фиорентина од Карпи кој победи минимално 1-0 на Артемио Франки.
Ohridnews











