Ново културно катче се раѓа во центарот на градот. Охрид конечно ќе го добие она што му недостасуваше: културен центар во кој луѓе од различни возрасти ќе можат слободно да ги изразат своите уметнички, занаетчиски и воопшто своите креативни потреби.

На отворањето посетителите ќе имаат можност да ја погледнат заедничката изложба ПЕРСПЕКТИВА/ POINT OF VIEW од охридските талентирани млади фотографки Ива Јовановиќ и Анамарија Момироска. Изложбата е составена од фотографии преку кои секоја од уметниците ја прикажува својата сопствена перспектива кон објект кој е заеднички за двете.

Свој настап ќе имаат и Д.А. Лори и Мила Коруновска кои ќе го збогатат настанот со својата поезија, секоја извонредна на свој начин, Лори со својата суштествена животна поезија, а Мила со својот воздушест младешки израз. Својата приказна преку поезија раскаже и извонредниот Ѓоко Здравески. Ова пропратено со звуците на нашиот талентиран гитарист Јон.

Отворањето на КУЛТ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР е во среда, 30 јули, во 20:00 часот. Културниот центар е лоциран во срцето на охридската чаршија, кај скаличките.

OhridNews