Културата на живеење на овие простори одамна не е на потребното ниво. Но, она што загрижува повеќе е што некои состојби не само што не се подобруваат, туку се влошуваат.

И ова лето пред почетокот на главната туристи;ка сезона средувањето по дома во стариот дел на Охрид завршува со истурање на непотребната покуќнина покрај контејнерите поставени на паркингот кај Горна Порта, каде секојдневно поминуваат стотици туристи и охриѓани. Првите се чудат што ни е, вторите навикнале.

Сето ова се случува на педесеттина метри од Античкиот театар каде за десеттина дена ќе биде отворена најголемата културна манифестација во земјава, Фестивалот „Охридско лето“. Ќе „продаваме“ култура, а „К“ од култура немаме.

Вакви проблеми има на секое ќоше во градот, бидејќи ниту системот функционира, ниту се казнува. Додека не се промени нешто суштински, нема да се променат ни лошите навики, а ни лошите услуги. Со ваков однос кон јавното добро и не може да очекуваме да биде поинаку.

Г.М.