Португалскиот стручњак, Жозе Мурињо се соочува со нова суспензија од Англиската фудбалската федерација по остранување од теренот на мечот со Вест Хем кој заврши без победник 1-1.


Мурињо во првиот дел незадоволен од одлуката на главниот судија Џон Мос шутна шише покрај аут линијата. После разговорот на Мос со четвртиот судија, „специјалниот“ беше испратен на трибините.


Ова е втора ваква санкција за Мурињо сезонава, по што се очекува нова и поригорозна казна од првата. Португалецот за нападите кон Марк Клатенбург и недоличното однесување на мечот со Барнли беше суспендиран и натпреварот со Свонси на Либерти стадионот го следеше од трибините, а не покрај аут линијата.

Олд Трафорд, баук за „црвените ѓаволи“ (видео)

OhridNews