Вториот меч во финалето во Копа Либертадорес помеѓу Ривер Плата и Бока Јуниорс нема да се одигра ниту вечерва, откако Јужноамеричката фудбалска федерација одлучи да го одложи дербито, познато како „Супер класико“.

Средбата помеѓу Ривер Плата и Бока Јуниорс беше закажана за синоќа, но навивачите на домашниот состав со тврди предмети го нападнаа клубскиот автобус на противници и повредија неколкумина играчи и лица од стручниот штаб. Почетокот на дербито се пролонгираше три пати, а конечно беше одложено доцна синоќа, откако лекарскиот тим констатираше дека повредените играчи не можат да настапат.

И денеска после лекарските прегледи, повторно е констатирано дека играчите не се подготвени да истрчаат на теренот и дадат максимум, а дербито одложено е поради големиот набој кој се створи околу новонастаната ситуација.

Јужноамеричката фудбалска федерација се уште нема потврдено нов термин, а се шпекулира за 8 декември. Првиот меч одигран на стадионот во Бока заврши без победник 2-2.

OhridNews