На денот од ждебката за новото издание на Роланд Гарос учеството на гренд слем турнирот во Париз го откажа и Гаел Монфис.
Францускиот тенисер од вториот гренд слем турнир сезонава се откажува поради вирусот кој недела дена го мачи најзабавниот актер во „белиот спорт“.
Претходно, своето учество го откажаа Рожер Федерер во машка и Белинде Бенчиќ и Каролин Вознијацки во женска конкуренција.
Ждребката за парискиот гренд слем турнир е денеска, а титулите годинава ќе ги бранат Стен Вавринка во мешка односно Серене Вилијамс во женска конкуренција.
OhridNews