Од неодамна со работа во Охрид започна ново претпријатие за погребални услуги „Две Солзи“.
Оттаму информираат дека ги поседуваат потребните лиценци и документи за обавување на дејноста. Додаваат дека целта им е да ја зголемат конкурентноста на пазарот, со што ќе влијаат на намалување на цените на погребалните услуги во градот.
-Нудиме многу поевтини услуги, и неопходна помош на семејствата во моментите на тага, велат од „Две солзи“.
Новото погребално претпријатие „Две солзи“ услуги ќе нуди во деловните простории на ул. Сирма Војвода и на ул. 15-ти Корпус кај градските гробишта.