Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина денар по литар, а цената на дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) се зголемува за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Цената на екстралесното масло за домаќинство нема да се промени, и ќе се продава по цена од 69,5 денари. Цената на мазутот се намалува за 0,5 денари, и ќе изнесува 36,427 денари по килограм.
OhridNews











