Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација, Луис Енрике дефинитивно ќе треба да гради нови темели, откако во краток временски период се откажаа двајца репрезентативци. На Жерард Пике му се приклучи фудбалерот на Манчестер Сити, Давид Силва.

Силва во дресот на Шпанија одигра 125 натпревари, а дебитираше во 2006 година и по 12 години ја завршува репрезентативната кариера.

– Размислував долго и не беше лесно да се донесе оваа одлука. Националниот тим ми даде многу и ми помогна да созреам како фудбалер и како личност. – истакна 32-годишниот фудбалер.

Фудбалерот на Манчестер сити беше дел од славната генерација на шпанската репрезентација, која ги освои Европските првенства во 2008 и 2012 година, како и Светското првенство во 2010 година.

OhridNews