Фудбалерите на Манчестер Јунајтед ги разочараа своите навивачи на Олд Трафорд, откако одиграа нерешено (0-0) со составот на Саутемптон во последниот меч во 2017 година.

„Црвените ѓаволи“ трет во серија ремизираат во Премиер лигата, а четврти пат по ред не забележуваат победа. Од многуте шанси пред голот на гостите ниту една домашните фудбалери не искористија и со разочарувачко реми ја завршија сезоната.

Киксот на Јунајтед го чинеше пад на табелата за една позиција, откако Челси со 5-0 го реши тимот на Стоук. Негативата во однос на „ѓаволите“ ја намали и Ливерпул кој славеше со 2-1 на домашен терен против Лестер.

Возбудувањата во Премиер лигата продолжуваат утре со мечот во 13 часот помеѓу Кристал Палас и Манчестер Сити.

OhridNews