Кирил Лазаров и Барселона стигнаа до нов рекорд во АСОБАЛ лигата откако со триумфот над Енкантада (34-21) го заминаа рекордот на Сиудад Реал по вкупниот број на победи по ред во шпанскиот шампионат.


Серијата победи на каталонците трае од 2013 година, а до сега тие нанижаа 68 триумфи или еден повеќе од тимот на Суидад Реал кој победнички низ имаше од 2008 до 2011 година.

Во рекордната победа Лазаров постигна пет голови, исто колку него реализираше и Жалуз, а по четири пати противничката мрежа успешно ја погодија Ентрериос и Сипраж.

Сезонава, Лазаров веќе направи еден рекорд постигнувајќи го 1000-от гол во Лигата на Шампиони што е прво вакво достигнување во европскиот ракомет.

Ohridnews