За денес е закажано ново рочиште од судскиот процес за потонувањето на бродот “Илинден”.

За несреќата обвинети се капетанот на бродот, Сотир Филески и претставникот на осигурителната компанија Германски Лојд, Бранко Баиќ, кому му се суди во отсуство. Двајцата се товарат за предизвикување тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.

Бродот „Илинден“ потона на 5 септември 2009 година, на околу 300 метри од брегот на Охридското Езеро, во близина на авто кампот „Елешец“. Притоа животот го загубија петнаесет туристи од Република Бугарија.